Дома Останати Кошарка Џинот Марјановиќ возеше тракторот низ нива и стана хит на социјалните мрежи (Видео)

Џинот Марјановиќ возеше тракторот низ нива и стана хит на социјалните мрежи (Видео)

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ повторно ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи, овојпат со несекојдневни сцени од селото!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во снимката која брзо стана вирална, Марјановиќ е прикажан како го вози тракторот и собира сено заедно со татко му и дедо му.

– Мора да се работи – порача популарниот центар со насмевка, додека за време на возењето и запеа, додавајќи во шега: „Малку одмор, малку теретана“.

Видеото предизвика многу позитивни реакции на социјалните мрежи. Неговата височина и крупна градба во малата кабина на тракторот дополнително допринесоа за хумористичниот тон на снимката, како и фактот што на почетокот на снимката пееше.

Марјановиќ во моментов се наоѓа во пауза помеѓу сезоните. Иако сѐ уште е активен како играч и настапува во Кина, сѐ почесто се шпекулира за неговите планови по завршувањето на кариерата. Особено поради тоа што е голем шоумен.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Официјално: Богдан Богдановиќ има нов клуб во НБА

Богдан Богдановиќ е нов член на Хјустон Рокетс. Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026…