Дома Останати Кошарка „Дебелиот Дончиќ е подобар од 99,9 отсто од бековите во лигата“

„Дебелиот Дончиќ е подобар од 99,9 отсто од бековите во лигата“

Трејдот на Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес Лејкерс, со што Ентони Дејвис премина во спротивниот правец, продолжува да биде главна тема во НБА лигата.

На оваа вест реагираше и легендарниот Шекил О’Нил. Тој често беше критикуван за прекумерната тежина во текот на својата кариера, а сега го бранеше Дончиќ од критиките што се однесуваа на неговиот физички изглед.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„За мене, Лука не изгледа како играч кој не е во форма. Не разбирам што точно значи ‘вон форма’ – дали тоа значи дека нема стомачни мускули? Еден од моите најдобри пријатели ми рече дека ‘дебелиот’ Лука е подобар од 99,99% од бековите во лигата. Тој веќе пет години по ред се наоѓа во најдобриот тим на НБА. Ако тоа е причината што го пуштате, тогаш менаџментот треба да се извинува. Постоеја подобри начини да се реши оваа ситуација“, нагласи Шекил О’Нил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шекил: Ембид повеќе не е врвен центар, Јокиќ е далеку пред него

Новата сезона во НБА лигата започна, а со тоа се врати и центарот на Филаделфија на терено…