Дома Фудбал Де Брујн донесе три важни бода за Сити

Де Брујн донесе три важни бода за Сити

Манчестер Сити ќе биде најмалку два дена на третото место на табелата по 35. одиграна натпревар во Премиер лигата.

Пред своите навивачи, Сити го совлада Вулверхемптон со минимален резултат и сега има два бода предност и еден натпревар повеќе во однос на Њукасл на третото место.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Првата вистинска шанса за домаќините ја имаше Нико О’Рајли во 33-та минута, но Жозе Са се фрли како мачка и го запре неговиот удар под пречката.

Само две минути подоцна, Сити дојде до предност. Докул испрати одлична топка за Кевин де Брујн кој погоди во еден од неговите последни натпревари за „Граѓаните“ кои ќе ги напушти на крајот од сезоната.

Вулвс можеа да израмнат во неколку наврати. Најдобрата шанса ја имаа кога Матеус Куња ја погоди стативата во 57-та минута.

На крајот – 1:0 за тимот на Пеп Гвардиола кој имаше само тој еден удар во рамките на голот на овој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн подготви понуда тешка 250 милиони евра, тргнаа по новата ѕвезда на светскиот фудбал

Еден од најталентираните европски фудбалери, Флоријан Вирц, би можел ова лето да го напушт…