Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната.
Де Брујне влезе во последната година од договорот, а се уште не ставил потпис на нов договор, а истакна дека тоа не му е приоритет во моментов.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Белгиецот призна дека ако наскоро ќе започнапт преговорите на лето ќе го напушти Сити.
„Не знам дали ќе останам во клубот. На почетокот на сезоната знаев дека требаше да почнеме преговори, но потоа се повредив и сè остана во втор план. Не сум премногу загрижен, но ќе видиме што ќе се случи. Ако наскоро не почнат преговорите, ова ќе биде моја последна сезона во клубот“, кажа Де Брајне.