Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Де Брујне влезе во последната година од договорот, а се уште не ставил потпис на нов договор, а не исклучува трансфер во Саудиска Арабија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиуимите тврдат дека Кристиано Роналдо го убедил Ал Наср да го доведе 33-годишниот Белгиец, кој во Саудиска Арабија ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот.
Неодамна Де Брујне потврди дека се уште не добил понуда од Сити за продолжување на соработката и најави заминување на крајот на сезоната.