Голема бура предизвика трејдот на Лука Дончиќ од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс, а сега челниците на тимот од Тексас одлучија да враќаат пари на навивачите кои купиле сезонски карти.
Поголемиот дел од навивачите на Далас изразија незадоволство, па беше почната иницијатива за враќање на парите, на сите навивачи кои пред оваа вест купија сезонски билети.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Управата на тимот од Тексас, одлучи да ги прифати барањата на навивачите, за да не ги разлутат дополнително своите фанови.
Според тврдењата на новинарот Еби Џонс, секој навивач на Далас Маверикс кој ќе одлучи да ја “поништи” сезонската карта, ќе добие назад околу 2.000 американски долари.