
Селекторот на Србија од јуни ќе седне на клупата на Партизан кој е и српски шампион, дознава Mozzart Sport
По три години, во јуни се разделуваат патиштaта на Ѓорѓе Ќирковиќ и Партизан. Искусниот стручњак ги освои сите четири домашни трофеи – Купот на Србија, титулата, како и Суперкупот и Севсрпскиот куп минатата недела во Ниш. Од следната сезона на клупата на црно-белите ќе седи селекторот на Србија, Раул Гонсалес.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанецот постигна договор за двогодишна соработка со српскиот шампион и ќе остане до 2028 година, што е во согласност со неговиот договор со Ракометната федерација на Србија.
Месеци наназад се шпекулираше дека Шпанецот ќе ја предводи и амбициозната иницијатива на црно-белите. Целта им е учество во Лигата на шампионите, со намера да направат напредок и на меѓународен план. Српскиот шампион оваа сезона пропушти пласман меѓу најдобрите 16 во Лига Европа. Со проширувањето на европската елита до 24 клуба, клубот од Хумска посакуваат да играат во најсилното европско натпреварување, можеби веќе од оваа есен.