
Каталонскиот весник „Ел Насионал“ објави вест која одекна низ целиот европски фудбал – Барселона наводно планира голем трансфер на Ерлинг Халанд во летото 2026 година.
Иако норвешкиот напаѓач има договор со Манчестер Сити до 2032 година, тоа не е пречка за амбициите на каталонскиот гигант. Долго време се поврзуваше Халанд со трансфер во Реал Мадрид, но „Ел Насионал“ тврди дека Барселона сака да ја одземе ѕвездата од својот најголем ривал.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Наводниот план на Барселона се базира на нов, профитабилен спонзорски договор со компанијата Најк, кој би обезбедила финансиска стабилност на клубот. Со тие пари, Барселона би можела да понуди 200 милиони евра за доведување на Халанд, што би го направило најскапиот играч во историјата на клубот.
Erling Haaland with more Barcelona hype on his socials, could he be a potential Lewandowski replacement? 👀 pic.twitter.com/KEe5oQKTjg
— 90min (@90min_Football) May 1, 2025
Халанд од пристигнувањето во Манчестер Сити одигра 138 натпревари, постигна 120 голови и запиша 20 асистенции. Веќе освои речиси се што може да се освои на клупско ниво, вклучувајќи ја Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.
Фото: Manchester City/X