Дома Фудбал Бомба од Хрватска: Канаваро е нов тренер на Ристовски и Адеми

Бомба од Хрватска: Канаваро е нов тренер на Ристовски и Адеми

Фабио Канаваро е новиот тренер на првиот тим на Динамо. Таа одлука на УО и спортскиот директор синоќа на 15. седница на Извршниот одбор ја поддржаа и претседателот на клубот и Извршниот одбор.

Фабио Канаваро ќе стане трет тренер на Динамо во сезоната 2024/25, а вкупно деветти откако Ненад Бјелица.

„За жал, резултатот е најважното правило во фудбалот, а во 11 кола во ХНЛ остваривме само 4 победи и ја имаме една од најлошите резултатски серии во домашното првенство. Никогаш не е добар момент за промена на тренерот, но решивме да го направиме овој потег сега за новиот тренер да има време да им ги пренесе на играчите за време на подготовките и сите да бидат подготвени да го чекаат продолжението на првенството. Сакаме пресврт во резултатите во ХНЛ. Новиот тренер негува стил на игра кој ни е потребен за враќање на доминацијата во ХНЛ, ја гради играта и наметнува доминација. Станува збор за голема харизма која може да пренесе богато играчко искуство, но и тренерско, со оглед на тоа што зад себе има резултати во Кина, каде што беше шампион.

Тој е гладен за успеси и затоа го чекаше предизвикот на клуб кој припаѓа на врвот и има амбиција да освојува титули. Тој одлично го познава нашиот тим, како и целата фудбалска лига. Знае кои се целите пред него во Динамо и свесен е за ситуацијата во која се наоѓа клубот. Примарна задача е да се вратиме на врвот на ХНЛ и да продолжиме со добрите резултати во Европа“, објасни спортскиот директор на клубот Марко Мариќ.

Фабио Канаваро ќе му се приклучи на првиот тим на Динамо на собирот на 3 јануари кога и официјално ќе биде претставен. 51-годишниот стручњак тренерската кариера ја започна во Ал Ахли, а ги тренираше и ГЗ Евергранде, Ал Наср, Ти Џеј Куанџиан, репрезентацијата на Кина, Беневенто и Удинезе каде последен пат имаше свој ангажман. Во својата фудбалска кариера настапуваше за Наполи, Парма, Интер, Јувентус, Реал Мадрид, Ал Ахли и Бенгал Таскерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах нема да игра за Египет поради вештачка трева

Мохамед Салах нема да патува со египетската репрезентација на нивниот втор квалификациски …