Дома Фудбал Бомба од Англија: Ѕвездата на Сити го напушта клубот бесплатно

Бомба од Англија: Ѕвездата на Сити го напушта клубот бесплатно

Кевин Де Брујне (33), легендарниот играч од средината на Манчестер Сити, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната како слободен играч, пишува Скај.

Белгиецот, кој пристигна во Сити во 2015 за 76 милиони евра од Волфсбург, одби да го продолжи договорот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во 409 настапи постигна 105 голови и запиша 173 асистенции, освојувајќи шест Премиер лиги, два ФА Купа, пет Лига купа и во претходната сезона Лигата на шампионите.

Иако сè уште е меѓу најдобрите средни играчи во светот, изгледа дека Гвардиола сака да го подмлади тимот.

Де Брујне наскоро ќе наполни 34 години, а повредите му се сѐ почести. Наводно е во преговори со Сан Диего ФК, нов клуб во МЛС, кој му нуди статус на ѕвезда и клучна улога.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква премија немало никаде во светот: Еве колку пари шеикот ќе им подели на фудбалерите за победата над Манчестер Сити!

Фудбалерите на Ал Хилал постигнаа голем успех со пласманот во четвртфиналето на Светското …