
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа шестото место на денес објавената АТП листа.
Ѓоковиќ по поразот од Јаник Синер во полуфиналето на Вимблдон изгуби 500 поени, но сè уште е шestiот тенисер во светот со 4.130 поени.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Да потсетиме, Србинот минатата сезона играше финале на Вимблдон, а сега натпреварувањето го заврши во полуфиналето со пораз од Италијанецот Јаник Синер. Изгуби доста поени, но ја задржа шестата позиција.
Меѓутоа, Новак нема да настапува на многу турнири во следниот период, па постои опасност да го достигнат и престигнат играчи кои во моментот му дишат во вратот – Мусети, Рун или Шелтон, бидејќи Новак во моментот има помалку од 1000 поени предност во однос на нив.
Првиот сè уште е Италијанецот Јаник Синер со вкупно 12.030 поени, пред Шпанецот Карлос Алкарас со 8.600 поени и Германецот Александар Зверев со 6.310 поени.
Фото: Принтскрин