Дома Фудбал Беше голема ѕвезда на Челси, а сега е војник во земјата каде што се роди

Беше голема ѕвезда на Челси, а сега е војник во земјата каде што се роди

Една од најголемите легенди на Челси од златните времиња и фудбалер на фудбалската репрезентација на Франција, Флоран Малуда направи голем пресврт по завршувањето на неговата фудбалска кариера, откако реши да помине воена обука во својата родна земја – Гвајана.

Во шест сезони со Челси, Малуда успеа да освои дури шест пехари, вклучувајќи ја и Премиер лигата во текот на 2010 година, како и Лигата на шампионите две години подоцна.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ↓↓↓


За време на последната година од неговиот престој во Челси мораше да настапува со младинците, бидејќи бараше да го напушти клубот, а дека е сè уште во врвна форма покажаа фотографиите кои ги објави на својата социјална мрежа Инстаграм.

Тој се вклучи во третиот пешадиски вод на Гвајана и ја помина воената обука во земјата на неговото раѓање. За време на оваа обука, тој пловеше по реката, правеше шатори, а со помладите колеги помина и некои важни животни лекции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Аргентинец седна на клупата на Порто

Аргентинскиот тренер Мартин Анселми ја презеде должноста како шеф на стручниот штаб на пор…