Дома Фудбал Беше голема надеж на Англија, а сега може да заврши во затвор?

Беше голема надеж на Англија, а сега може да заврши во затвор?

Во минатото се сметаше за голем талент на Манчестер Јунајтед, а сега го очекува можната затворска казна. Причината е опасно возење и предизвикување сообраќајна несреќа.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Брендон Вилијамс призна вина за опасно возење.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На 20 август 2023 година, тој возеше опасно и учествуваше во сообраќајна несреќа на автопатот во близина на Хендфорт.

Според англиските медиуми, Вилијамс се соочува со закана за затворска казна во времетраење од две години.

Вилијамс тогаш управуваше Audi A3 со брзина од 159 км/ч, изгуби контрола врз возилото и го удри во Ford Fiesta, а потоа се удри во оградата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Компани доби понуда за Светското првенство, па даде експресен одговор

Тренерот Винсент Компани врши извонредна работа во Бајерн. Со Баварците веќе обезбеди 35-т…