
Многу играчи никогаш не успеале да го покажат својот потенцијал до крајот иако во еден момент од кариерата буквално блескале.
Еден од таквите е и Филипе Кутињо кој некогаш беше еден од најскапите играчи во светот, а сега се наоѓа пред неверојатен потег.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Имено, Кутињо наводно сака да го напушти Васко да Гама и да го раскине договорот со својот матичен клуб.
Неговата кариера е во целосен пад откако во 2018 година одлучи да го замени дресот на Ливерпул со дресот на Барселона.
Кутињо играше навистина феноменално во Ливерпул и беше еден од најдобрите играчи во тогашниот тим на Енфилд.
Доби понуда од Барселона, и во трансфер вреден 135 милиони евра одлучи да потпише за гигантот од Шпанија.
Токму тоа беше најголемата грешка во неговата фудбалска кариера бидејќи тогаш сè тргна наопаку.
Како што тврдат бразилските медиуми, Кутињо одлучил да го раскине договорот со тековниот клуб и за сè го известил раководството на клубот.