Дома Фудбал Бекам се обиде да го убеди Меси, но разбра: „Никој не ја сака Барселона повеќе од него“

Бекам се обиде да го убеди Меси, но разбра: „Никој не ја сака Барселона повеќе од него“

Фудбалерите на Интер од Мајами со победата против Ванкувер го освоија првиот трофеј на МЛС купот, и посебна причина за гордост имаше еден од сопствениците на франшизата од Флорида, Дејвид Бекам, кој со посебна почит го спомена најдобриот играч Лионел Меси.

Поранешната ѕвезда на Барселона даде важен придонес во победата на Интер со две асистенции, а Бекам по натпреварот зборуваше за тоа колку многу Барселона му значи на Аргентинецот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“Би сакал Меси да живее во Мајами кога ќе се пензионира, но Лео ми кажа дека само размислува за животот блиску до ‘Камп Ноу’. Нема играч кој ја сака Барселона како него. Логото на Барселона може да го видите на неговиот нокт, па дури и на шишето од кое пие вода”, изјави Бекам откако Интер од Мајами го освои МЛС купот.

Да потсетиме, минатата недела го пренесовме изјавата на спортскиот директор на Барселона, Деко, кој нагласи дека приказните за враќање на Меси во Барселона не се тема на разговор, бидејќи миленикот на навивачите има договор со Интер до крајот на 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо „збесна“ поради судиите и упати силна порака до ѕвездите на Реал во Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа ги разочараа своите навивачи бидејќи беа поразени на ста…