Дома Останати Ракомет „Ballkan Handball“ со нова колумна: Доколку „Ел Команданте“ завладее во ПСЖ, ниту Голден Стејт не би ги запрел…

„Ballkan Handball“ со нова колумна: Доколку „Ел Команданте“ завладее во ПСЖ, ниту Голден Стејт не би ги запрел…

raul

По колумната на реномираниот сајт „Ballkan Handball“ за нашиот Столе Стоилов, сега на овој ист сајт следуваше нова овој пат посветена на „Командатот“, односно Раул Гонзалес.

На стартот на колумната се истакнува Раул Гонзалес како главен „виновник“ за одличниот настап на македонската репрезентација, но уште се додава и дека за успехот се важни огромната љубов на нашиот народ кон ракометот, како и успехот на Вардар во Келн. Како што се наведува, Стоилов е единствениот македонски репрезентативец во Вардар, но повторно се додава дека тука е Гонзалес.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Авторот на колумната, Сретен Рашковиќ како еден најважните факти го истакнува тоа што иако е Шпанец, нашиот командат го познава македонскиот јазик и истиот добро го зборува.

Рашковиќ зборува и за тоа каков господин е Гонзалес надвор од паркетот. Имено, Гонзалес на денот на „Фајнал Фор“ во Келн без никаков проблем прифатил интервју и без никакви протоколи.

На крајот се истакнува дека не може ниту да замисли каква би била иднината на клупскиот ракомет доколку Раул „завладее“ во соблекувалната на милионите од Париз, ниту Голден Стејт не би можел да ги запре…

ТУКА можете во целост да ја прочитате колумната посветена на „Ел Команданте“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Билетите путшени во продажба: Вардар ги одредени цените за дербито со Алкалоид и натпреварот со Мелсунген

Од вчера се пуштени во продажба билетите за следните два натпревари на Вардар н адомашен т…