Дома Останати Ракомет Колумна на балкански експерт: Стоилов може да влече камиони и да трча со тракторски гуми

Колумна на балкански експерт: Стоилов може да влече камиони и да трча со тракторски гуми

Победата на Македонија денес е главна тема во нашата земја, а како и не би била кога Раул и момците ја совладаа селекцијата која на последното Светско првенство го освои високото трето место.

Од таборот на нашата репрезентација предупредуваат дека не смее да не зафаќа еуфорија и дека ова е само прв натпревар како и дека пред нас е долг пат за ова да биде една успешна приказна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека Вујовиќ се жалеше на судењето (но и ни ја честита победата), а голманот на Словенците Скок посочуваше дека Македонија не била добра колку што тие биле лоши, некои други одлично забележиле колкав квалитет поседуваат македонските репрезентативци.

Во колумната на експертот за ракомет, Богдановиќ кој работи за „Балкан Хандбал“ посебно се истакнува силата на македонскиот „воин“ Стојанче Стоилов кој редовно добива огромен ќотек на секој натпревар.

“Ако на овој Стоилов еден ден му здосади ракометот, може слободно да се пријави за Стронгмен- да влече камиони од место со сајла преку грбот и да трча со тракторски гуми, беше првата порака која ја добив после мечот во Згареб од еден пријател- кој патем не се разбира во ракомет, но остана допрен после сето она што го виде во дуелот меѓу Македонците и Словенците“, стои во крајот на неговата колумна.

ТУКА можете во целост  да ја погледнете неговата колумна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…