Шпанскиот стратег, Чаби Алонсо има неверојатна сезона со тимот на Баер Леверкузен и со овој тим е на чекор од титулата во германската Бундеслига.
Очекувано, по една ваква сезона голем број екипи се интересираат за потписот на Алонсо, а досега како најсериозни се споменуваа Ливерпул кој останува без Јирген Клоп и Барселона од каде што си заминува Чави.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега, медиумите пишуваат и за фаворитот кога во прашање е наследникот на Чави во Леверкузен. Наводно, тоа може да биде поранешниот славен напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалес.
Раул во овој момент го води „Б“ тимот на Реал Мадрид и се подготвува за својот прв посериозен предизвик како тренер. Во прилог на Раул оди и тоа што го знае германскиот јазик од периодот кога две сезони помина во Шалке.