Aктуелниот македонски и европски шампион ја започнува новата сезона во Лигата на шампионите.
Прв противник на Вардар во групната фаза ќе биде Мешков Брест. Алушовски денес ја најави оваа средба и побара подобра игра во нападот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Натпреварот против Мешков е прв во Лигата на шампионите. Она што го правевме претходно беше подготовка за овој дуел. Имавме проблеми во претходните натпревари, пред се со играта во нападот, но задоволен сум од тоа како сме спремни. Мешков е тим кој добро го познаваме, секогаш играат Ф4 во СЕХА. Со Скубе добија квалитет и имаат блага фаворитска улога“, изјави Алушовски пред мечот.
Натпреварот помеѓу Мешков и Вардар се игра во среда од 18:45 часот.