За Езгјан Алиоски заврши едногодишната позајмица во Фенербахче од Ал Ахли и сега се враќа во Саудиска Арабија.
Алиоски пред две лета го напушти Лидс и потпиша за Ал Ахли, но по една сезона овој тим испадна во втората лига, па беше испратен на позајмица. Сега Ал Ахли експресно се врати во друштвото на најдобрите во Саудиска Арабија, па Алиоски би можел да остане по враќањето од позајмицата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Солиден беше Џани во својата прва сезона во која постави рекорд во првенството според учеството во голови со погодоци и асистенции за еден бек. На крајот од сезоната сосема заслужено доби место и во идеалниот тим.
Во Фенербахче од друга страна Алиоски имаше турбулентен период во кој не беше најчесто во прв план. Ќе потсетиме во Саудиска Арабија веќе настапуваат Дарко Велковски (Ал Етифак) и Александар Трајковски (Ал Фехја).