Дома Фудбал Франција Aко ПСЖ го раскине договорот со Рамос треба да му плати огромна оштета

Aко ПСЖ го раскине договорот со Рамос треба да му плати огромна оштета

Серхио Рамос минатото лето како големо засилување пристигна во ПСЖ, но се уште не одиграл ниту една минута за францускиот клуб.

Рамос во ПСЖ пристигна откако му истече договорот со Реал Мадрид. Шпанскиот фудбалер доби бонус затоа што без оштета пристигна во клубот и се очекуваше да биде големо засилување, но се уште не одиграл ниту една минута во клубот од Париз.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вчера медиумите објавија дека Парижаните ја разгледуваат опцијата дури и да го раскинат договорот со Шпанецот. „Ла Паризиен“ објави дека Рамос не е физички спремен да игра и дека во клубот го губат трпението.

Меѓутоа ако ПСЖ се реши да го раскине договорот со Рамос тогаш ќе мора да му плати дури четири милиони евра оштета. Така Рамос би можел да заработи одлична сума без да настапи во ПСЖ. Неговиот договор со францускиот клуб има важност до летото 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…