Дома Македонски спорт Aдеми: Да имав и 1% шанса ќе играв со Грузија, среќата на народот во Македонија не се опишува!

Aдеми: Да имав и 1% шанса ќе играв со Грузија, среќата на народот во Македонија не се опишува!

Aрјан Адеми против Грузија, но и многу пати претходно докажа дека е вистински борец на теренот.

За нашата репрезентација Адеми е од огромна важност во средниот ред, а пред мечот со Грузија беше под знак прашалник дали ќе настапи. Пред доаѓањето за Македонија Адеми се повреди на загревањето и не истрча за Динамо против Истра. Сепак за Македонија под инекции успеа да излезе на теренот и да одигра 67. минути кога беше заменет од Спировски.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Против Истра бев најавен и не истрчав на теренот, а тогаш пола Македонија ми се јави да праша што е работата. Кога гледаш колку те ценат тоа уште повеќе те мотивира и мое беше да им вратам. Имав проблеми да, но против Грузија и да имав 1% шанса, јас ќе играв“, истакна Адеми.

На крајот порача дека се чувствува феноменално и дека секоја секунда труд вредела.

„Динамо е силен клуб и има играчи кои често одат на големи настапи со репрезентациите и искрено малку им љубоморев, сакав и јас да почувстувам како е и еве сега знам. Чувството е феноменално. Вредеше секоја секунда труд и откажување. Среќата и задоволството за нарадот во Македонија не се опишува“, зборува нашиот борец.

Посебно му е драго за Горан Пандев.

„За Пандев ми е посебно драго. Имаше страшна кариера и знам колку многу сакаше да направи нешто со Македонија. На крајот и успеа во тоа на совршен начин, даде гол и не однесе на ЕП. Тој е како виното – колку е постар толку е подобар“, додаде Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…