Судејќи според пишувањето на мадридскиот весник „АС“, Герет Бејл сигурно ќе си замине од Реал Мадрид.
Бејл е несреќен во Реал, особено сега кога секогаш го критикуваат, дури и согирачите му го свртеа грбот и сето тоа го натера да донесе одлука дека ќе ја промени средината. Весникот тврди дека Бејл одлучи и штом ќе заврши сезоната, подготвен е да ги спакува куферите и да го промени тимот. Во претходните два натпревари беше на клупата и тоа доволно зборува за неговата ситуација во Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бејл не успеа да се снајде во Мадрид, не игра како што играше во Тотенхем, по што во 2013. година за 99 милиони евра се пресели во Реал. Бејл освои четири Лиги на Шампиони, имаше доста успешна сезона во Реал Мадрид, но оваа не мириса на добро. За сега нема инфромации каде би можел да ја продолжи кариерата, но во прв план најмногу се споменува Манчестер Јунајтед, со кого и претходно се поврзуваше.