
Арсенал оваа сезона игра многу добро, но сè уште не можат да дојдат до целта која ја посакуваат сите навивачи – титулата од англиската Премиер лига.
Топчиите под водство на Микел Артета играат многу добро оваа сезона и моментално се наоѓаат на второто место во англиската Премиер лига.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Во Лигата на шампионите стигнаа до полуфиналето каде што вечерва ги очекува реванш натпревар против Пари Сен Жермен.
Првиот натпревар што беше одигран на Емирати заврши во корист на Французите (1:0), а единствениот стрелец беше Усман Дембеле.
Сепак, една цел која ја имаат сите во клубот и која ја посакуваат сите навивачи на лондонскиот клуб не се оствари ни оваа сезона.
Тоа е титулата од англиската Премиер лига, нешто на што сите кои го сакаат овој клуб чекаат многу долго време.
Артета и неговиот стручен штаб прилично добро го составија тимот, но недостигаат неколку промени за да се вклопи сè.
Поради тоа Топчиите и ова лето ќе се свртат кон трансфер пазарот, а летниот преоден рок е сè поблизу и поблизу.
Како што пишува англиски „The Sun“, Арсенал е заинтересиран за услугите на играчот од нивниот вечерашен ривал Пари Сен Жермен.
Станува збор за Ли Канг-ин кој игра на крилни позиции и позиција на офанзивен врзник.
Оваа сезона за ПСЖ одигра 44 натпревари и постигна шест гола како и шест асистенции. Топчиите според најавите на „Sun“ ќе се туркаат со сите сили за Корејците ова лето.
Фото: Грок AI