Дома Фудбал Арсенал прави чистка: Седум играчи можат да заминат на лето

Арсенал прави чистка: Седум играчи можат да заминат на лето

Микел Артета ќе се обиде ова лето да создаде посилен тим во однос на оваа сезона. За да го стори тоа, ќе мора да се ослободи од играчите кои не ги исполнуваат очекувањата.

Арсенал е во добра позиција во Премиер лигата, можеби не на врвот како што би сакале да бидат, но сѐ уште се во игра со Ливерпул. Сепак, Микел Артета следната сезона планира реорганизација.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


За да се постигне тоа, време е „Тобџиите“ да ослободат буџет и да се ослободат од големите плати на некои играчи кои не придонеле многу.

На листата на играчи кои ќе бидат слободни ова лето да бараат нова средина се Олександр Зинченко, Кјеран Тирни, Томас Парти, Жоржињо, Јакуб Кивиор, Нетo и Рахим Стерлинг.

Се очекуваше дека голем дел од овие играчи ќе бидат продадени. Тирни долго беше надвор од тимот поради бројни повреди, Зинченко одамна не игра на задоволително ниво.

Кога се работи за средината на теренот, Томас Парти почна да игра нешто подобро, но постои страв од нова повреда бидејќи е склон кон истите, додека Жоржињо има голема плата која би можела да помогне во доведувањето на можеби и појака опција во средниот ред.

Рахим Стерлинг тешко дека ќе најде повторно ангажман во еден од најсилните клубови во Англија, бидејќи целосно разочара со прикажаното во дресот на Арсенал.

Артета и Арсенал ќе имаат поголем буџет и ќе биде многу интересно да се следи следниот прелазен рок на „Тобџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Последните понуди одбиени, Фати одлучи да остане на трибините

Заврши преодниот рок и во Турција, што значи дека Ансу Фати сигурно останува член на Барсе…