Дома Фудбал Аргентина без Меси и Лаутаро славеше против Уругвај

Аргентина без Меси и Лаутаро славеше против Уругвај

Уругвај и Аргентина одиграа тврд натпревар на кој беше постигнат само еден гол, актуелниот светски шампион со 1-0 го доби мечот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа беше класичен јужноамерикански меч, со многу борбеност и тензија, но со малку шанси за гол.

Аргентина во овој меч играше без Меси и Лаутаро кои се повредени, но и покрај тоа дојдоа до триумф.

Единствениот погодок на мечот се случи во 68. минута кога Алмада реализираше за водство од 1-0 што значеше и победа за Аргентинците.

Во следното коло од квалификациите за СП, Аргентина го пречекува Бразил на Монументал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наґелсман поднесе оставка, во спектакуларен пресврт го заменува Клоп?

Четири дена по поразот во осминафиналето на Светското првенство од Парагвај, Јулијан Наґел…