Манчестер Јунајтед испадна од Лига Купот во четвртокот вечерта по драматичното четвртфинално гостување против Тотенхем, кое домашниот тим го доби со 4:3.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим втор натпревар по ред го остави Маркус Рашфорд надвор од тимот.
Англичанецот на почетокот на неделата објави дека сака да го напушти клубот. Аморим вчера ја коментираше својата одлука: “Не жалам за тоа. Чувствувам дека ја донесов вистинската одлука за тимот. Мислам дека ова не беше грешка. Мораме внимателно да ги избираме играчите и секогаш се трудам да го направам она што е најдобро за тимот”.
Рашфорд (27) оваа сезона постигна само седум гола на 24 натпревари во сите натпреварувања.
Иако како млад важеше за голем талент и собра 60 настапи и постигна 17 голови за англиската репрезентација, тој повеќе не е дел од плановите на репрезентацијата.
Неговиот потенцијал не е целосно реализиран, а неговата иднина во клубот сега зависи од односот со тренерот кој моментално е очаен. Во спротивно, разделбата со Јунајтед изгледа неизбежна и од оваа гледна точка можеби е најдобро за сите.