
Фернандо Алонсо ја заврши трката за Големата награда на Британија видливо разочаран. Искуcниот Шпанец смета дека Астон Мартин му ја уништил шансата за одличен резултат. Упатил остри зборови до својот тим поради, како што тврди, необјасниви одлуки од боксот.
Алонсо ја започна трката на Силверстоун од пристојната седма позиција, но по хаотичниот развој на настаните во врнежливите услови, заврши само како деветти.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
И покрај тоа што Aстон Мартин го постигна својот прв двоен пласман во бодови оваа сезона, Алонсо не ја криеше својата фрустрација.
Неговиот тимски колега Ланс Строл заврши на седмото место, а тоа, според зборови на Алонсо, дополнително го нагласило колку биле погрешни одлуките на неговата страна на гаражата.
За време на самата трка, Алонсо се обрати директно до инженерите преку радио: „Сите позиции што ги загубивме – дали е тоа поради послабите гуми на противниците или само за забава даваме позиции?“.
Тука не застана. Наскоро додаде: „Невозможно е како никогаш не погодувате со мене“.
Откако ја премина целната линија, неговиот тон беше уште поостар: „Ужасна трка, како и обично“.
Во разговор за DAZN, двојниот светски шампион изрази жал за пропуштената шанса, посебно нагласувајќи дека трката била исклучително сложена за стратегиско одлучување.
„Тоа беше тежок предизвик, а за нас заврши како пропуштена можност“, рече тој. „Не сум задоволен. Започнавме седми, завршивме деветти – нешто не сме направиле добро“.
Фото: Принтскрин