
Од заминувањето од Реал, Чаби Алонсо сѐ уште ја чека вистинската понуда.
Пред неколку дена доби понуда од Франција, но ја одби. За неговите услуги бил заинтересиран Олимпик од Марсеј. Како што пренесоа бројни француски извори, Олимпик Марсеј неодамна го контактираше Шпанецот, откако Роберто Де Зерби беше отпуштен, но Шпанецот само се заблагодари на понудата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Се зборува дека Шпанецот го чека развојот на ситуацијата со Арне Слот во Ливерпул, кој го повика уште кога Јирген Клоп реши да го напушти „Енфилд“.
Чаби Алонсо постигна историски резултати со Бајер Леверкузен, но потоа не се прослави на клупата на Реал Мадрид.