Дома Останати Тенис Алкараз освои милиони на Ролан Гарос, па остана без огромен дел од парите

Алкараз освои милиони на Ролан Гарос, па остана без огромен дел од парите

Карлос Алкараз освои околу 2.500.000 евра бидејќи го освои Ролан Гарос во спектакуларно финале против Јаник Синер, но сега може да се случи да остане без голем дел од тој награден фонд.

Алкараз го освои својот петти гренд слем, успеа да му се приближи на Синер кој е прв на АТП листата, но всушност ќе добие многу помалку пари отколку што пишува на чекот, и тоа затоа што ќе мора да плати данок.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Според француски закон, тој мора да се откаже од 30 отсто од заработката, што значи дека ќе даде околу 800.000 евра. Сепак, тоа е сè што се однесува на данокот, бидејќи тенисерите данок на наградни фондови плаќаат само во земјата каде што играат одреден турнир, а не и кога парите ги префрлаат во своите држави.

Оваа сезона, Алкараз пред Ролан Гарос освои околу 3.500.000 евра, а на Јаник Синер му останаа 1.270.000 по поразот во финалето на Ролан Гарос. Наградниот фонд од турнирот вкупно изнесуваше над 55.000.000 евра и секоја година расте.

Фотографија: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Никогаш не сте слушнале за него, а помлад од него со ваков подвиг бил само – Надал!

Во конкуренција на специјални играчи се приклучи и Џастин Енгел, како победник над Џејмс Д…