Дома Останати Тенис Алкараз ги изненади сите со изјавата: Синер е најдобар, му нема рамен во моментов!

Алкараз ги изненади сите со изјавата: Синер е најдобар, му нема рамен во моментов!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз зборуваше за тоа кој е најдобриот тенисер на светот според него.

Алкараз посочи дека во моментов за него најдобар е Синер.

– Јаник е најдобриот во моментов. Изгуби само четири или пет натпревари во последната година. Знам дека луѓето сакаат да дискутираат, но фактот е дека Синер е најдобриот – изјави Алкараз.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тој додаде дека резултатите го докажуваат ова тврдење.

– Синер ги добива речиси сите натпревари. Секогаш е во финале или освојува титули. Нема подеми и падови во неговата игра и неверојатно е фокусиран. Најдобар е и тоа го покажува и АТП-листата – заклучи Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Во кариерата заработил 50 милиони евра, но сè уште живее со родителите

Карлос Алкараз е водечкиот тенисер во светот. Шпанецот е еден од предводниците на новата г…