
Започна првото коло од Лигата на шампионите, најгламурозното клупско натпреварување. Со враќањето на возбудливите европски натпревари, во центарот на вниманието повторно се најде Ева Мурати, 30-годишната албанска водителка која веќе девет години раководи емисија специјализирана за фудбалската Лига на шампионите во нејзината земја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалските ентузијасти преку социјалните мрежи изразуваат восхит кон нејзината убавина, а нејзината популарност се докажува и со бројот на следбеници на овие платформи. Така, на Инстаграм таа има 1,3 милиони следбеници, додека на Фејсбук ја следат околу 60 илјади луѓе.
Мурати ја започнала својата кариера како тинејџерка во улога на модел и актерка, но подоцна го насочила својот развој кон телевизиската водителска работа.