Дома Останати Тенис Агаси со пофални зборови: Алкараз ги има сите квалитети на Ѓоковиќ, Федерер и Надал

Агаси со пофални зборови: Алкараз ги има сите квалитети на Ѓоковиќ, Федерер и Надал

Откако Карлос Алкараз го освои својот прв Гренд Слем трофеј на УС Опен во 2022 година, стана јасно дека тоа е само почетокот на неговата голема кариера. Веќе тогаш, како деветнаесетгодишник, покажуваше способности што го вбројуваа меѓу најперспективните играчи во светот. Неговиот неодамнешен настап во финалето на Ролан Гарос против Јаник Синер само дополнително ја потврди нивото на талент што го поседува.

Особено импресивно беше враќањето на Алкараз по лошиот почеток на мечот, во кој Синер ги освои првите два сета и создаде три меч топки во четвртиот. Италијанецот изгледаше како непреодолива пречка, но, сепак, Алкараз успеа да го преобрати текот на натпреварот. Причината на поразот на Синер беше Алкараз, кој, иако можеби не беше воедначен низ сите пет сета, во клучните моменти успеа да игра на уште повисоко ниво. Играч од неговата класа е способен во одредени моменти да понуди извонреден тенис.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Алкараз ги има сите квалитети на Големата тројка, па можеби и поголеми“, изјави Агаси, кој е меѓу ретките што освоија сите четири Гренд Слем турнири, олимписко злато, завршниот АТП турнир и Дејвис Купот. Агаси ги врачи трофеите по финалето на Ролан Гарос и од прва рака беше сведок на врвниот меч.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер откри без што не може да се замисли: Подобро една недела без тенис (Видео)

Јаник Синер за време на Ју-Ес Опен потпиша договор со нов спонзор. „Експлора патувања“ ќе …