Дома Останати Тенис Aлкараз го поеди Ѓоковиќ, но му се поклони: Ти си моја инспирација!

Aлкараз го поеди Ѓоковиќ, но му се поклони: Ти си моја инспирација!

Шпанецот Карлос Алкараз денес за прв пат во неговата кариера го освои Австралијан опен. Во големото финале го победи големиот тениски шампион, Новак Ѓоковиќ, во четири сета.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова беше седмиот Гренд Слем турнир во кариерата на Алкараз, а прв триумф во Австралија. Покрај тоа, ова беше и првиот пораз на Ѓоковиќ во финале на Австралијан опен.

По завршувањето на мечот, Алкараз му се заблагодари на Ѓоковиќ на еден достоинствен начин.

“Најпрво би сакал да кажам нешто на Новак. Зборуваше за тоа како пристигнав овде, за тоа како играв, но ти си мојата инспирација. Постојано, на секој турнир, се даваш максимално, начинот на кој се подготвуваш со твојот тим ме инспирираше и мене да направам исто, и да го покажам сето тоа овде. Навистина сум горд што игравме еден против друг на централниот терен. Ти благодарам за тоа”, рече Алкараз.

Исто така, тој им се заблагодари на сите од својот тим за нивната работа, советите и инспиративните разговори.

“Како што кажа и Новак, и за мене е необично да го видам Рафа (Рафаел Надал, заб. на р.) на трибините, наместо на теренот. Се сеќавам дека ме гледаше и кога бев дете. Голема чест ми е што дојде да ме гледаш денес. Имавме големи дуели и на теренот, и навистина ми е чест што денес беше тука и гледаше како играм”, додаде Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Утрешниот меч на Ѓорческа на Вимблдон ќе може да се гледа во живо!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) ќе го испише најголемото поглавје во с…