Дома Останати Тенис Адвокатот на Синер: Тенисерите беа премногу остри кон Јаник

Адвокатот на Синер: Тенисерите беа премногу остри кон Јаник

Џејми Сингер, адвокатот на Јаник Синер, зборуваше за италијанските медиуми за суспензијата од три месеци, која му беше доделена на првиот рекет на светот поради користење на недозволени средства.

Правникот нагласи дека целиот процес бил воден „по книга“ и дека Синер не бил фаворизиран на ниту еден начин.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


„Беше на удар на играчите, но тие не беа запознаени со сите детали. Едноставно само го изразуваа своето мислење. Тенисерите секогаш следат кога некој е вклучен во ваква ситуација и, од друга страна, се обидуваат да сокријат ако им се случи тоа ним. Тоа не е фер. Кај Јаник имаше одредени околности кои се исклучително необични,“ истакна Сингер.

По зборовите на адвокатот, Италијанецот е разочаран од односот на колегите кон него.

„Мислам дека сите беа премногу остри кон Јаник, но тој прифаќа дека секој има право да го изрази своето мислење. Жал ми е што не се позанимаваа подлабоко со целиот случај“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Објавена загрижувачка снимка од Ѓоковиќ (Видео)

Шпански „АС“ објави видео снимка на која се гледа како Новак Ѓоковиќ има проблеми со движе…