Дома Фудбал Адеми: Го контролиравме натпреварот

Адеми: Го контролиравме натпреварот

Динамо загуби со 3:0 од Арсенал во седмото коло од Лигата на шампионите. Стрелци беа Деклан Рајс во 2., Каи Хаверц во 66. и Мартин Одегард во 91. минута.

Со пораз на коло пред крајот, Динамо има многу мали шанси да се пласира во нокаут фазата. Можеби нема да му биде доволна ниту победа во последното коло против Милан на Максимир.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Капитенот на Динамо Аријан Адеми играше до 59. минута, а по мечот изјави: „Поразот е тежок, а победата на Арсенал е заслужена и им честитам. Постојано зборувавме колку е важно да се издржат првите 15-20 минути, и примивме гол во 2. минута.”

Прилично е комплицирано да се вратиш после тоа, особено против таков тим. Но, дури би рекол дека добро реагиравме, се држевме и ја презедовме контролата врз натпреварот, барем така ми се чинеше дека имавме добри шанси да им се заканиме, но против такви тимови треба да постигнете гол за да побарате нешто повеќе.

Адеми беше запрашан како е да се работи под водство на новиот тренер Фабио Канаваро?
Има многу тактички барања, сè уште апсорбираме. Сигурен сум дека ќе изгледаме добро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историски момент: Реал Мадрид направи нешто што не му успеало на ниту еден друг клуб!

Шампионот на Шпанија и победник во Лига на шампионите, Реал Мадрид, стана првиот европски …