Дома Фудбал Ачерби ѝ даде „корпа“ на Италија, па ја објасни неговата одлука

Ачерби ѝ даде „корпа“ на Италија, па ја објасни неговата одлука

Франческо Ачерби му одговори на селекторот на Италија, Луцијано Спалети, за неговата одлука да не ја прифати поканата за репрезентацијата.

Ден по поразот во финалето против ПСЖ со Интер со високи 5:0, Ачерби одлучи да ја одбие поканата за репрезентацијата на Италија за натпреварите против Норвешка и Молдавија кои ќе се играат на 6 и 9 јуни во рамките на квалификациите за Светското првенство.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Спалети денеска на прес конференција кажа дека Ачерби му испратил СМС-порака дека нема да присуствува на собирот, но не ја објаснил својата одлука детално, иако е јасно дека не се работи за физички проблеми.

„Ова не беше лесно донесена одлука, но не постојат услови за мирно продолжување. Барам почит, а ако ја нема од тие што раководат со групата, тогаш би се повлекол. Јасно е дека не сум дел од проектот на тренерот”, кажа Ачерби.

Играчот, кој потоа во својата долга порака додаде: „Ова не беше избор направен поради гнев или разочарување од изгубеното финале на Лигата на шампионите. Им посакувам сѐ најдобро на репрезентацијата и на моите соиграчи”.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат календарот на Серија А за следната сезона

Денес беше објавен целиот распоред на Серија “А”за сезоната 2025/26 по ждрепка…