Во последните моменти од преодниот рок Ливерпул го доведе Артур на позајмица од Јувентус.
Јирген Клоп беше во потрага по играч кој може да го освежи средниот ред и да ја подобри играта. Сега се појавија информации дека прва желба на Клоп бил Федерико Валверде од Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Ливерпул во последниот ден од преодниот рок тргнал во офанзива на играчот на Реал Мадрид и понудата која ја испратиле била 100 милиони евра, сепак во Реал не ни размислувале и веднаш истата ја одбиле.
Валверде е недопирлив во Реал Мадрид и клубот би го продал веројатно само ако тој самиот изрази желба да замине, во секој друг случај има статус на недопирлив.
Неговиот актуелен договор има важност до август 2027 година и од тимот од Шпанија се сигурни дека барем уште неколку години ќе го имаат овој фудбалер на располагање.