Дома Останати Кошарка Aнтиќ откри зошто ја избрал Звезда

Aнтиќ откри зошто ја избрал Звезда

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ се врати во Црвена Звезда, а денес за прв пат зборуваше и за српските медиуми.

Антиќ откри дека воопшто не се двоумел кога пристигнала понудата од Звезда за која потпиша договор на една година. Тој во текот на вчерашниот ден допатува во Белград и се запозна со новите соиграчи и стручниот штаб на клубот, а утрово ги помина и медицинските прегледи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Менаџерот и управата на Фенербахче го бараа најдоброто решение за мене, имав сигурен договор, но и дилема дали да останам и да уживам во богатиот договор или да преминам некаде каде што ќе бидам среќен. Кога се појави Звезда не размислував, ниту секунда. Имав повеќе понуди, можев да добијам подобар договор во Евролигата, пет пати повеќе пари во Кина…Но, јас ја избрав Звезда и сигурен сум дека не погрешив“, зборуваше Антиќ.

Потоа тој ја откри и причината зошто го избрал овој клуб.

„Забележав одличен проект на кој можам да помогнам. Воопшто не сум финансиски терет на клубот, бидејќи Фенербахче го плаќа поголемиот дел од договорот. Имаме млад тим, на кој му е потребно искуство, јас сум тука за да помогнам таа хемија да биде вистинска, дали ќе тоа ќе биде со десет минути на паркетот, дали од клупата или пак од соблекувалната воопшто не е важно. Тренерот е одличен и многу амбициозен“, заврши Антиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Српски кошаркар е хит во НБА: Двапати беше трејдуван во една недела, но и уште еднаш ќе го смени клубот!

Српскиот кошаркар Василије Мициќ стана главна тема во НБА лигата откако беше разменет два …