Фудбалската репрезентација на Англија изгуби на пенали на „Вембли“ од Италија, но Англичаните ќе добијат богата премија од ФА за освоеното второ место, дури поголема и од онаа на Италијанците.
Како што објавија англиските медиуми секој член на англиската репрезентација ќе доби по 300.000 фунти, додека „аѕурите“ како награда за шампионската титула добија по 250.000 фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наградата Англичаните се уште не ја добиле затоа што се чекаше ФА да се раздолжи кон Владата за корона-кредитот од 175 милиони фунти земен во декември лани. Сега кога тоа е завршено на ред се фудбалерите.
Пласманот во финалето е оценет како голем успех и покрај тоа што и по 50 години немаат трофеј.