Дома Македонски спорт Aлиоски: Биелса е еден нема друг како него, со Земан трчаш како од Скопје до Прилеп

Aлиоски: Биелса е еден нема друг како него, со Земан трчаш како од Скопје до Прилеп

Езгјан Алиоски во својата кариера помеѓу другото имаше прилика да соработува со тренерски величини како Марсело Биелса и Зденек Земан.

Со Биелса Алиоски соработува се уште во Лидс и за него има само пофални зборови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Со Биелса е фантастично да се работи. Еве втора година тренираме со него, посветува многу внимание на теретаната и физичката спремност. Навистина е тешко, Биелса е еден нема друг, спремен е за се, бара дисциплина 100%. Имаме тренинг најмалку 5 часа, мораме да јадеме заедно, има програма. Во 9 се собираме, јадеме заеедно, во 10 имаме разговор, потоа следи тренинг…Сака се да биде подредено. Не само за фудбал, со Биелса стануваш и подобар човек. Правиме детални анализи, такви анализи знае само тој да направи, но потоа ти знаеш скоро се за противникот. Дури и во овој момент верувам дека знае кај е секој играч на Лидс. Му благодарам на Бог што имам прилика да работам со него“,

Со Земан Џани соработуваше во Лугано во сезоната 2015/2016.

“Земан е луд, со него трчаш од Прилеп до Скопје. Со него не се игра одбрана, игра 4-3-3. Не сака дриблинзи, бара само дупли пас. Кога бев Лугано 6-7 натпревари не играв седев на клупа. Потоа од бек ме направи крило, почнав по 10-15 минути. На крајот во последните натпревари ги играв цели крило и почнав да погодувам и да асистирам, ми одеше навистина добро“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…