Серхио Рамос минатото лето како големо засилување пристигна во ПСЖ, но се уште не одиграл ниту една минута за францускиот клуб.
Рамос во ПСЖ пристигна откако му истече договорот со Реал Мадрид. Шпанскиот фудбалер доби бонус затоа што без оштета пристигна во клубот и се очекуваше да биде големо засилување, но се уште не одиграл ниту една минута во клубот од Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера медиумите објавија дека Парижаните ја разгледуваат опцијата дури и да го раскинат договорот со Шпанецот. „Ла Паризиен“ објави дека Рамос не е физички спремен да игра и дека во клубот го губат трпението.
Меѓутоа ако ПСЖ се реши да го раскине договорот со Рамос тогаш ќе мора да му плати дури четири милиони евра оштета. Така Рамос би можел да заработи одлична сума без да настапи во ПСЖ. Неговиот договор со францускиот клуб има важност до летото 2023 година.
PSG are considering releasing Sergio Ramos, but it isn’t going to be cheap ❌
— SPORTbible (@sportbible) November 2, 2021
He’s already earned £4 million without kicking a ball for the club and is the second-highest earlier. How much he’ll be owed has been broken down… 😦https://t.co/uAGJMAlRYc pic.twitter.com/XwKD9A8en9