Дома Македонски спорт Aнгеловски: Зошто да не бидеме втори? Оваа репрезентација има квалитет!

Aнгеловски: Зошто да не бидеме втори? Оваа репрезентација има квалитет!

Македонија вчера ги доби групите во квалификациите за СП 2022, а после ждребот зборуваше и селекторот Игор Ангеловски.

И Ангеловски секако истакна дека Германија е апсолутен фаворит и тешко е и да се помисли дека било која репрезентација може да им направи проблем и пред нив да го освои првото место.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Полесна група не можевме да добиеме, можеше само потешка. Јас повеќе сакав да играме во група со пет репрезентации затоа што не чека и настап на Европското првенство. Германија секако е апсолутен фаворит, но верувам дека ние имаме реални шанси да се бориме за бараж“.

„Романија и Исланд се квалитетни репрезентација, Ерменија исто така, двапати губиме на гости од нив. Но секако дека можеме да се надигруваме и да бидеме и подобри. Зошто да не бидеме втори? Ние се пласиравме на Еп, но сигурен сум дека овој тим има уште простор за напредок и подобри резултати“, изјави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ибрахимовиќ го носеше олимпискиот пламен низ улиците на Милано (Видео)

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ денес ја понесе Олимписката бакла низ ули…