Kaко што стојат работите македонскиот голман Столе Димитриевски е пред трансфер во Ал Надр во Саудиска Арабија.
Според последните информации Ал Наср ќе ја активира откупната клазула на Димитриевски која изнесува шест милиони евра и така Рајо нема да може да направи ништо да го задржи. Претходно управата на шпанскиот клуб одби две понуди од 3.5 и 5 милиони евра за македонскиот голман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, договорени се и личните услови според кој Димитриевски ќе заработува два милиони евра по сезона, а договорот за соработка не би бил под четири години.
Во медиумите како алтернатива за Ал Наср ако не успее да го доведе Димитриевски беше Лукаш Фабијански од Вест Хем.