Aко успее да постигне договор со Маурисио Покетино, Челзи сака да го врати Ромелу Лукаку.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со доаѓањето на новиот менаџер ќе има промени во екипата во летниот преоден рок. Првата цел во тој поглед е враќање на Лукаку, пишува британски „Телеграф“.
Белгискиот фудбалер подолго време има проблеми со повреди поради што сезонава не блеска во Интер.
Приоритет на Челзи ова лето е да го среди составот со само неколку квалитетни опции. Најголеми прашалници има во нападот и на голманската позиција, но Покетино наводно сака да работи со Лукаку.
Сепак, треба да се почека да се заврши во целост работата околу Покетино, па ќе видиме што ќе се случува потоа.