Белгиецот повторно ги загрижи „сините“.
Челзи во саботата го доживеа првиот пораз во сезоната, Тотенхем целосно ги надигра во лондонското дерби и веднаш како да почнаа да се создаваат проблеми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нголо Канте неодамна потпиша нов договор со Челзи и така најави дека нема да ја промени средината во блиска иднина.
Следната задача за раководството на Челзи е да го продолжи договорот со Еден Азар кој блеска под водство на Сари.
Неговиот акутелен договор со клубот истекува за година ипол, а со најновата изјава прилично ги загрижи навивачите на Челзи.
„Засега останувам во Челзи. Во јуни ќе имам уште една година од договорот, доколку не го продолжам се е можно. Не се гледам како заминувам во јануари, не би можел да им го направам тоа на клубот и навивачите“.
„Наредното лето тоа е можно, но исто така е можно и да останам во Челзи“, изјави Азар.