Садио Мане постигна два брзи гола во фуриозниот почеток на Ливерпул со што им донесе удобна победа над разочарувачки лошиот Тотенхем.
Ливерпул стави крај на лошата серија со убедлива победа. Сенегалскиот напаѓач е херојот на Ливерпул откако Ливерпул ја забележа првата победа во 2017 и со 2-0 го победи Тотенхем.
Екипата на Тотенхем не беше на ниво во првите 30 минути , тоа го искорити Ливерпол и во 16 минута Мане го постигна првиот гол, само две минути покасно го постигна и вториот по грешката на Бен Дејвис. Резултатот во првото полувреме можеше да биде и поголем но Хуго Лорис со неколку успешни одбрани го спасуваше Тотенхем.
Гостите играа поорганизирано во второто полувреме но и Ливерпул го намали темпото и го приведе натпреварот кон крај.