Младата репрезентација на Македонија загуби од своите врсници од Србија со 2:1 во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2019 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Србија поведе со гол на Шапоњиќ од пенал во 28-та минута. Македонија успеа да израмни преку Костадинов со својот четврт гол во овие квалификации.
Во завршницата кога се играше равноправно Србија искористи едно невнимание на нашата одбрана и преку Лазар Ранѓеловиќ во 80-та минута дојде до победата од 2:1.
Србија се наоѓа на првото место со 21 бод од 7 меча, додека Македонија со само три бода остана на последното место.