Дома Фудбал Останато Нејмар објаснува: Не симулирам, побрз сум од противниците и мораат да ме фаулираат!

Нејмар објаснува: Не симулирам, побрз сум од противниците и мораат да ме фаулираат!

Најскапиот фудалер на светот, Нејмар во последните години, а особено на последниот Мундијал си направи имиџ на симулант, кој постојано паѓа при првиот контакт.

Вистина е дека ривалите не го штедат и често го фаулираат, но Нејмар остава впечаток дека претерува со своите театрални падови.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Немам што многу да кажам на обвинувањата дека сум симулант. Јас сум тим на играч кој ако добие топката десет пати 11 пати ќе се обиде да го помине ривалот. Јас сум побрз и полесен од чуварите, па мораат да ме фаулираат. Не ми дозволуваат да ги поминам без да ме удрат“, објаснува новиот капитен на Бразил.

„Не можам да му пријдам на противникот и да го прашам: ’извини ако можиш да ме пуштиш да поминам и да дадам гол’?. Јас само барам начин да ги поминам и затоа толку многу фаули се направија над мене на Мундијалот. Не сакав да испадне така, но се случи“, додаде Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тер Штеген во „војна“ со Барселона – со еден потег им го загорчи животот на Каталонците

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген влезе во нова фаза на конфликт со Барселона, отка…