Фудбалскиот сојуз на Јапонија соопшти дека денеска е откажан пријателскиот натпревар против Чиле, по земјотресот кој го погоди островот Хокаидо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот требаше да се одигра утре во Сапоро. Фудбалерите на Јапонија на 11. сепрември треба да ги пречекаат Костарика во Осака.
Според последните податоци, земјотресот со јачина од 6,7 степени во четврток го погоди островот Хокаидо во северна Јапонија, осум лица загинаа, а 40 се водат како исчезнати.
Земјотресот се случи на јужната страна на Хокаидо во 3:08 по локално време на длабочина од 40 километри.